Министрите за надворешни работи на Групата седум денска „најостро“ го осудија севернокорејското лансирање на балистичка ракета со долг дострел во морето кај западниот брег на Јапонија, порачувајќи дека тоа бара унифициран одговор од меѓународната заедница.
„Овој чин е очигледно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и го загрозува регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“, се вели во изјавата на министрите за надворешни работи по состанокот на маргините на безбедносната конференција во Минхен.
Видете и ова: Северна Кореја истрела балистичка ракета„Несовесното однесување на Северна Кореја бара унифициран одговор од меѓународната заедница“, додаваат тие, пренесува Ројтерс.
Северна Кореја денеска истрела најмалку една балистичка ракета, соопшти јужнокорејската војска, пред заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја кои треба да се одржат следната недела.