На Србија сериозно ѝ се замерува што не воведува санкции против Руската Федерација, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил, по средбата со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел на вториот ден од Минхенската безбедносна конференција.
Вучиќ како што напиша, имал „отворен разговор“ и „подготовки за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина“. Претседателот на Србија рече дека со Борел разговарал и за „подготовките за потенцијални разговори“ со премиерот на Косово, Албин Курти. Борел закажа дијалог на високо ниво меѓу Вучиќ и Курти за 27 февруари.
„Реков дека секогаш сум подготвен за разговор, но знаете за што треба да се разговара, тоа е Заедницата на српските општини. Србија никогаш не бегала од дијалогот, нема да бега од дијалогот. Србија е подготвена да работи на се што беше напишано дека ќе работи и на имплементација на француско-германскиот договор и на се останато, но знаете редоследот на потезите и како се одвиваат работите“, рече Вучиќ.
Видете и ова: Нова средба Вучиќ-Курти за нормализација на односите меѓу Србија и КосовоПретседателот на Србија изјави декаУкраина е доминантна тема на Минхенската безбедносна конференција. Тој оцени дека не се чини дека наскоро ќе дојде до примирје доколку едната страна не победи и дека не се чини дека едната страна може брзо да победи и додаде дека тоа носи нови политички реперкусии за Србија. Тој рече дека е важно претставниците на Србија да се во Минхен за да можат да го кажат ставот на Србија и посочи дека таму се и претседателот и премиерот на Косово.