Министрите за надворешни работи на САД, Велика Британија, Франција и Германија денеска изразија загриженост поради продлабочувањето на соработката меѓу Русија и Иран и снабдувањето на Москва со беспилотни летала од иранска страна.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона, германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и неговиот колега од Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Видете и ова: Киев: Русија во денешните напади користи ирански дронови „камикази“Тие „разговараа за нивната загриженост за продлабочената воена соработка меѓу Иран и Русија и нејзините импликации“, пренесува агенцијата Франс прес.
Речиси една година од инвазијата врз Украина, Русија користи ракети и беспилотни летала произведени од Иран за да ја загрози енергетската инфраструктура на Украина.