Најмалку двајца цивили се ранети, во градот Хмелницки во западна Украина, откако Русија лансираше ракети од Црното Море, соопштија украинските власти.
„Има три оштетени образовни институции, околу десет оштетени висококатници. Уништени се и околу петстотини прозорци и балкони“, изјави градоначалникот на Хмелницки, Олександр Симчишин.
Видете и ова: Зеленски: Украина нема да биде последната станица на ПутинВоздухопловните сили на Украина соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила две од четирите ракети што Русија ги истрелала од Црното Море.
Украинските власти утринава издадоа предупредувања низ целата земја за воздушни напади во текот на денов.