Интересот на приватниот сектор за инвестиции во фотоволтаични централи е висок. За само 13 месеци, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) има издадено лиценци за вкупно 293 централи со вкупниот инсталиран капацитет од 158.2 MW што се во функција и од кои се произведува електрична енергија од обновливи извори, оценуваат од РКЕ.
Како што информираат оттаму, само за една година и еден месец се изградени фотонапонски електроцентрали со вкупен инсталираниот капацитет што е поголем од инсталираниот капацитет на ТЕЦ Осломеј.
„Струјата од сонце се покажа како главен штит на приватниот сектор во борбата за економски опстанок, зголемена конкурентност, раст и развој“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Видете и ова: Навала за лиценци за фотоволтаициВо јануари нови 26 фотонапонски електроцентрали со моќност од шест мегавати за производство на електрична енергија од обновливи извори се стекнале со лиценци за работа од РКЕ. Станува збор за домашни стопанственици кои инвестираат во фотонапонски централи со цел да си обезбедат самостојно струја за производствените потреби. Дел од стопанствениците кои добиле лиценци произведуваат мебел, кондиторски производи, а дел од нив се и од фармацевтскиот сектор.