Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика сојузниците да ја зголемат воената поддршка за Украина за да и помогнат на земјата да ја спроведе неопходната контраофанзива против Русија.
„Апсолутно мораме да ја интензивираме нашата помош и напорите за да се помогне отпорот на украинскиот народ и неговата армија и да им помогнеме да започнат контраофанзива која сама по себе може да овозможи веродостојни преговори дефинирани од Украина, нејзините власти и нејзиниот народ. Подготвени сме за продолжен конфликт“, изјави Макрон на Минхенската безбедносната конференција.
Видете и ова: Зеленски: Украина нема да биде последната станица на ПутинТој најави дека сака да организира „конференција за противвоздушна одбрана во Европа“ во Париз, на која ќе се разговара за индустриски, но и стратешки проблеми поврзани со оваа област.
„Мора да имаме сила и храброст да го обновиме дијалогот со Русија за да најдеме трајно решение. Сепак, јасно е дека сега не е време за дијалог“, заклучи Макрон.
Во Минхен се одржува безбедносна конференција, што е голем годишен глобален собир фокусиран на одбраната и дипломатијата. Водечки политичари, офицери и дипломати од целиот свет се собрани за да го анализираат европскиот безбедносен пејзаж што се промени со руската инвазија на Украина.