Членови на екстремно десничарската група „Ле Баржол“ осудени за заговор против Макрон

илустрација

Кривичниот суд во Париз денеска прогласи за виновни тројца членови на екстремно десничарската група „Ле Баржол“ за заговор за извршување на терористички акт против францускиот претседател Емануел Макрон во 2018 година.

Судот осуди тројца мажи на три до четири години затвор, или условни казни од една до две години. Четвртиот е осуден на шест месеци затвор за поседување оружје. Останатите обвинети беа ослободени.

Судот на 17 јануари покрена постапка против 13 членови на групата „Ле Баржол“, која ја сочинуваат 11 мажи и две жени, на возраст меѓу 26 и 66 години.

Обвинителите соопштија дека членовите на групата планирале да го нападнат францускиот претседател со нож за време на комеморативната церемонија на Првата светска војна во источна Франција во ноември 2018 година.