Столтенберг: НАТО внимателно ги следи блиските врски меѓу Кина и Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

НАТО внимателно ги следи блиските врски меѓу Кина и Русија, изјави денеска генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг.

Столтенберг разговараше со новинарите по пристигнувањето во Минхен за да присуствува на годишната безбедносна конференција во главниот град на Баварија.

„Внимателно ги следиме сè поблиските врски меѓу Кина и Русија“, истакна генералниот секретар на НАТО.

Видете и ова: Војната во Украина-главна тема на Минхенската конференција

Столтенберг додаде дека двете земји „дејствуваат повеќе заедно, спроведуваат заеднички вежби, поморски и воздушни патроли“.

Во Минхен се одржува безбедносна конференција, што е голем годишен глобален собир фокусиран на одбраната и дипломатијата. Водечки политичари, офицери и дипломати од целиот свет ќе се соберат за да го анализираат европскиот безбедносен пејзаж што се промени со руската инвазија на Украина.