Уште две лица биле извлечени живи од урнатините во Турција, 11 дена по земјотресот во кој загинаа повеќе од 43 000 луѓе. Агенциите за помош ги засилуваат напорите да им помогнат на милиони луѓе кои останаа без покрив над главата.
Четиринаесетгодишниот Осман Халебије бил спасен во текот на ноќта во југоисточниот турски град Антакија, 260 часа по земјотресот. Тој е на лекување во болница. Мустафа Авчи (34 години) исто така, бил пронајден жив во Антакија, 261 час по земјотресот.
"Целосно изгубив секаква надеж. Ова е вистинско чудо. Ми го вратија синот. Ги видов урнатините и мислев дека никој жив не може да се спаси оттаму. Бевме подготвени за најлошото", рекол неговиот татко Али Авчи.
Видете и ова: Спасена жена во Турција која поминала 222 часа под урнатиниСпоред последните информации, бројот на загинати во Турција сега изнесува 38 044, соопштија официјални лица.
Повеќе од 5 800 луѓе загинаа во соседна Сирија, а најмалку 171 843 лица се раселени.
Повеќето од жртвите во Сирија се на северозапад, во област контролирана од бунтовниците кои се во војна со претседателот Башар ал Асад. Овој конфликт ги комплицираше напорите да им се помогне на луѓето погодени од земјотресот.
Сириската опсерваторија за човекови права во петокот соопшти дека страните се судриле во текот на ноќта за прв пат по катастрофата, при што владините сили го гранатирале предградието на Атареб, град под контрола на бунтовниците тешко погоден од земјотресот. Ниту Турција, ниту Сирија не соопштија колку луѓе се уште се водат за исчезнати по земјотресот.