Седум германски аеродроми денеска одржуваат 24-часовен штрајк кој може да погоди речиси 300.000 патници бидејќи членовите на синдикатот бараат зголемување на платите.
„Терминалите утрово се празни“, изјави портпаролот на аеродромот во Хамбург, додавајќи дека се појавиле само мал број од 32.000 очекувани патници.
Според податоците на здружението АДВ аеродроми, околу 295.000 патници биле погодени од откажувањето на приближно 2.340 летови на аеродромите во Бремен, Дортмунд, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Минхен и Штутгарт.
Видете и ова: Штрајк на вработените во Рајанер во БелгијаГерманскиот синдикат Верди го најави штрајкот во средата, појаснувајќи дека преговорите за колективните договори за персоналот на земја, вработените во јавниот сектор и работниците за безбедност на воздушниот сообраќај постигнале мал напредок.
„Ако сега ништо не се преземе во врска со прашањето за платите, сите нè очекува уште едно хаотично лето, изјави денеска заменик-претседателката на Верди“, Кристин Бехле.
Штрајкот се совпаѓа со 59-тата Минхенска безбедносна конференција.
Романскиот министер за надворешни работи, кој требаше да пристигне со еден од откажаните летови наместо во Минхен, ќе слета во Австрија, а потоа ќе вози повеќе од четири часа до Минхен за да стигне до конференцијата, изјави претставник на романската амбасада.