Министерот за правда Никола Тупанчески оставка до Владата поднел на 10 февруари, два дена подоцна таа е констатирана од Собранието, по што веќе од 14 февруари тој е во работен однос на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”, информираа од Министерството за Правда од каде појасуваат дека следниот ден, на 15-ти, до нив стигнало барањето од Министерството за финансии за потпишување на правно мислење за еврообврзницата.
„Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер“, појаснуваат од Правда.
Видете и ова: Одложувањето на еврообврзницата може да нè чини милиони евраПоради ова, мораше да биде повлечена најавената еврообврзница од 600 милиони евра, со годишна камата од 6,5%, која ја издаде државата за да ги сервисира старите долгови. Поради откажувањето, дел од експертите реагираа дека земјава за следната еврообврзница ќе треба да плати повисока камата.
Премиерот Димитар Ковачевски пак денеска изјави дека се работи за процедура, и ова нема негативно да влијае на кредитниот рејтинг на земјава.
Инаку, оставката на Тупанчевски доаѓа поради најавената реконструкција на Владата и влезот на партијата Алијанса за Албанците, која за тоа треба да добие тројца свои министри, меѓу кои и тој за правда.