Експертски тимови од Германија и други земји работат на надминување на проблемите во Фондот за здравствено осигурување по хакерскиот напад, информираше премиерот Димитар Ковачевски.
Тој истакна дека со Министерството за финансии се бара начин за исплата на плати на вработените во здравствениот сектор и побара трпеливост од граѓаните.
„Тимовите на Министерството за здравство и на ФЗОМ, пред се, но и на други институции, работат заедно со експерти и професионалци од Германија и од други партнерски држави со цел да се реши проблемот, бидејќи во овој момент не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства од ФЗОМ по различни основи“, изјави премиерот.
Видете и ова: Неизвесност и многу нервози по сајбер нападот на Фондот за здравствоНајави дека е разговарано со министерот за финансии да се изнајде начин околу исплатите, меѓу другото и преку Централниот трезор, по што би се направило порамнување со трезорот во ФЗО. Според премиерот, се работи за комплексна операција, а во меѓувреме за да нема застој во давање на услугите, променети се дел од процедурите и префрлени на хартија.
Веќе десет дена има проблем со функционирање на електронскиот систем на Фондот, поради што здравствените работници немаат плата, а граѓаните се жалат за задоцнети исплати на боледувања, породилно отсуство, рефундации...
Од Фондот велат дека работат на надминување на проблемот, и веќе се применуваат привремени решенија за дел од проблемите. Посочуваат дека се бо комуникација со јавните здравствени установи за да ја добијат потребната документација за исплата на плати. За боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата, информираат дека исплати ќе има со ставање на системот во целосна функција.