Лукашенко вели дека ќе се вклучат во војната само ако се нападнати

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко

Авторитарниот владетел во Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека ќе и нареди на армијата да се бори заедно со својот сојузник Русија само доколку бидат нападнати од друга земја, пренесува државната новинска агенција Белта.

Лукашенко, кој постојано ги негираше тврдењата на Киев и Западот дека неговата земја може да биде вовлечена во војната во Украина на страната на Русија, исто така за петок најави средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„Подготвен сум да се борам со Русите на територијата на Белорусија само во еден случај: ако само еден војник дојде на територијата на Белорусија да убива мои луѓе“, ја цитира Белта изјавата на Лукашенко дадена ретка прес-конференција за странските новинари.

Видете и ова: Белорусија доби воена опрема од Русија

„Доколку извршат агресија против Белорусија, одговорот ќе биде многу сериозен, а војната ќе добие сосема поинаква природа“, рече Лукашенко.

Русија ја искористи Белорусија како една од точките за лансирање за нејзината инвазија на Украина минатата година, кога оттаму започна неуспешна офанзива врз украинскиот главен град Киев.

Серијата воени активности и заеднички вежби на воздухопловните сили меѓу Русија и Белорусија на почетокот на оваа година ја разгореа загриженоста дека Минск се подготвува за поактивна улога во конфликтот.