Кремљ денеска соопшти дека НАТО алијансата предводена од САД секој ден го демонстрира своето непријателство кон Русија и се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина. „НАТО е организација која е непријателска кон нас и која секојдневно го докажува ова непријателство“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Алијансата се труди максимално да го направи своето учество во конфликтот околу Украина што е можно појасно.
Видете и ова: Дали ново оружје за Украина ќе ја принуди Русија да се повлече?Москва оценува дека испораките на оружје за Украина од земјите на НАТО го одолговлекуваат конфликтот и ја зголемуваат можноста за понатамошна ескалација. Киев и Западот велат дека испораките на напреден воен хардвер се клучни за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската офанзива.