На претстојниот самит на НАТО во Вилнус, Литванија, лидерите на земјите членки на воената алијанса ќе разгледуваат кандидатури за новиот генерален секретар на НАТО, изјави амбасадорката на САД во НАТО Џулијана Смит. Самитот на НАТО е закажан за во јули, a мандатот на Јенс Столтенберг завршува на 30 септември, откако лани во март беше поддржанa идејата на претседателот на САД, Џо Бајден, за продолжување на неговото успешно лидерство, а поради тоа што Русија започна војна во Украина.
Видете и ова: Мандатот на Столтенберг во НАТО нема да биде продолженАмбасадорката Смит синоќа одржа брифинг за новинарите, во пресрет на денешните и утрешни важни активности на НАТО за политичка координација во седиштето на алијансата во Брисел. Во врска со наследникот на Столтенберг, амбасадорката Смит кажа дека на самитот во Вилнус „треба да донесеме одлука кој ќе го наследи Јенс Столтенберг, и мислам дека сојузниците ќе имаат што да кажат за тоа“.