Претседателката на Молдавија Маја Санду повика на „максимална претпазливост“ откако доби документи од украинските разузнавачки служби дека Русија планира да ја дестабилизира Молдавија.
Русија планирала да ја дестабилизира Молдавија користејќи агенти провокатори кои би требало да ги напаѓаат владините згради под изговор на јавни протести, изјави Санду, пренесува молдавскиот сервис на Радио Слободна Европа.
„Планот за следниот период вклучувал акции со саботери кои имаат воена обука, камуфлирани во цивилна облека, кои ќе преземаат насилни акции, ќе нападнат некои државни згради, па дури и ќе земаат заложници“, изјави Санду
Таа на прес-конференција во главниот град на Молдавија, посочи дека рускиот план вклучувал и луѓе од странство од кои се очекувале насилни акции .
Видете и ова: Премиерката на Молдавија си поднесе оставкаВаквите изјави на претседателката Санду дојде една недела откако украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неговата земја ги пресретнала плановите на руските тајни служби за уништување на Молдавија. Санду посочи дека овие тврдења подоцна биле потврдени и од молдавските разузнавачи.
„Целта на овие дејствија е да се урне уставниот поредок, да се смени легитимната влада од Кишињев во нелегитимна, со што нашата земја ќе и се стави на располагање на Русија, за да се запре процесот на европска интеграција“, нагласи Санду.
Нема да успеат обидите на Кремљ да воведе насилство во нашата земја, изјави претседателката на Молдавија. На тврдењата на Санду засега реакција од руските власти.
Откако Русија ја нападна Украина пред речиси една година, Молдавија, поранешна советска република со околу 2,6 милиони жители, се обидува да воспостави поблиски врски со своите западни партнери. Минатиот јуни доби статус на кандидат за Европската унија, во истиот ден со Украина.