Бројот на загинати од земјотресот во Турција и Сирија над 33.000

Караманмарас

Спасувачи од Таџикистан извлекле живо 3-годишно момче од под урнатините во турскиот град Караманмарас. Детето поминало таму 158 часа, објави денеска прес-службата на Комитетот за вонредни ситуации и цивилна одбрана на Таџикистан. Таџикистан испрати група од 50 спасувачи и лекари, како и 2,5 тони специјална опрема во Турција за да помогне во справувањето со последиците од земјотресот од 9 февруари.

Видете и ова: Повеќе од 24.900 згради се уништени или оштетени во Турција

Спасувачите извлекоа повеќе преживеани од урнатините на 12 февруари, речиси една недела по еден од најтешките земјотреси што ги погодија Турција и Сирија, додека турските власти се обидоа да го одржуваат редот низ зоната на катастрофата и почнаа правни дејствија за уривања на згради. Шансите за пронаоѓање повеќе преживеани стануваат подалечни, а билансот во двете земји од земјотресот на 9 февруари и големите последователни потреси се искачи на над 33.000 и се чини дека ќе продолжи да расте. Турскиот потпретседател Фуат Октај рече дека досега се идентификувани над 130 осомничени како одговорни за уривањето на некои од илјадниците згради.