Времето денеска: сончево со мала локална облачност

Наутро умерено до значително облачно, особено во западните делови. Уште од претпладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 2 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 8 степени.