Обединетите нации го осудија неуспехот да се добие очајно потребната помош за регионите во Сирија зафатени од војна, истовремено предупредувајќи дека бројот на жртвите од земјотресот, кој исто така ја разори Турција, може да се удвои.
Конвој на ОН од десет камиони премина во северозападна Сирија преку граничниот премин Баб ал-Хава, пренесува АФП.
Конвојот носеи опрема за засолништа, вклучувајќи пластични покривки, јажиња, ќебиња, душеци и теписи.
Конвојот на ОН со залихи за северозападна Сирија пристигна преку Турција.
Но, шефот на агенцијата за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс, рече дека е потребно многу повеќе за милионите луѓе чии домови биле уништени.
Видете и ова: Шефот на грчката дипломатија го посети турскиот регион погоден од земјотресотДесетици илјади спасувачи продолжија да ги пребаруваат уништените населби.
Но, во многу области, спасувачките тимови рекоа дека им недостигаат сензори и друга напредна опрема за пребарување, што значи дека честопати биле сведени на рачно копање.
„Да имавме ваква опрема, ќе спасевме стотици животи, ако не и повеќе“, рече Ала Мубарак, шеф на цивилната заштита во Џабле, северозападна Сирија.