Мартин Грифитс, координаторот за вонредни ситуации на Обединетите нации, во неделата објави на Твитер дека ОН ги изневериле луѓето од северозападна Сирија.
„Ги изневеривме луѓето од северозападна Сирија и тие со право се чувствуваат напуштени. Тие бараа меѓународна помош која не дојде“, напиша Грифитс, кој моментално е на пат за Дамаск.
Тој рече дека должност на ОН е што поскоро да го исправат овој пропуст.
Видете и ова: Помошта за настраданите во земјотресот во Сирија и изолираниот АсадЗемјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, беше регистриран рано изутрината на 6 февруари во близина на Газиантеп, Турција, во кој беше погодена и Сирија, а истиот ден попладнето се случи уште еден земјотрес со јачина од 7,5 степени.
По првиот земјотрес во понеделникот, наводно имало 1.891 последователни потреси.
Сирија е оптоварена со конфликти, недостиг на храна, економски колапс и неодамнешното избивање на заразната болест колера, а националната инфраструктура на земјата со години едвај можеше да го поддржи своето население изморено од војна.
Околу 5,3 милиони луѓе во Сирија најверојатно останале без покрив над главата поради земјотресот, процени агенцијата на ОН за бегалци на 10 февруари.