Евгениј Пригожин, основачот на приватната руска платеничка група Вагнер, изјави дека силите го зазеле Красна Хора - село во украинскиот источен регион Донецк, кое се наоѓа многу блиску до Бахмут, што е клучна цел за руските сили.
Руските сили засилени од Вагнер, го направија стратешкиот град Бахмут клучна цел на нивната офанзива на истокот на Украина.
Видете и ова: Нови руски напади врз енергетиката на Украина, Киев тврди големи загуби на руските силиКиев очекува нова руска воена офанзива, убеден дека по неколкумесечни неуспеси, рускиот претседател Владимир Путин сака да го истакне успехот на бојното поле пред годишнината од неговата неиспровоцирана инвазија на 24 февруари.
Британското разузнавање, во проценка направена врз основа на украинската воена статистика дека руските сили трпат повеќе од 820 жртви дневно во последните две недели, велат дека бројките ќе укажат на највисоките руски загуби во споредба со првата недела од инвазијата.
Во оценката се припишува големиот број руски жртви на недостатокот на обучен персонал, координација и ресурси и се наведуваат руските напори да се земе Бахмут како пример.