Министерството за финансии на САД во следните месеци ќе се фокусира на сузбивање на посредниците и давателите на услуги од трети земји кои ѝ помагаат на Русија да ги избегне западните санкции, објави Министерството за финансии.
Заменик-секретарот за финансии Воли Адејемо на состанокот на академици и други експерти за американските санкции и надворешната политика, изјави дека Министерството за финансии ќе го зголеми својот фокус на спротивставување на избегнувањето санкции, вклучително и оние кои „свесно или несвесно“ може да ѝ помогнат на Русија да ги надополни резервите потребни за нејзините воени дејства во Украина.
Министерството за финансии соопшти дека состанокот, во пресрет на една година од руската инвазија на Украина на 24 февруари, имал за цел да ги разгледа напорите да се пресечат руските воени синџири за снабдување и да ѝ се оневозможат на Москва приходите што и се потребни за финансирање на војната.
Видете и ова: Санкции од САД и Британија за поранешни државни службеници и фирми од БугаријаСе наведува дека притисокот врз руската војска е очигледен во, како што се вели, „сè поочајните обиди на Кремљ тоа да го надомести преку трети страни“ или дури и да се сврти кон земји „како што се Иран и Северна Кореја за (дронови) и друго оружје. .
Ветувањето доаѓа во услови на зголемена меѓународна загриженост дека Русија би можела да започне нова офанзива против Украина во следните недели и месеци, и знаци дека руската економија не е погодена толку силно како што се очекуваше од серијата санкции.
Меѓународниот монетарен фонд минатиот месец прогнозираше дека руската економија ќе се прошири за 0,3 отсто во 2023 година, по падот од 2,2 отсто во 2022 година.
Во април, првично прогнозираше намалување од 8,5 отсто во 2022 година и дополнително намалување од 2,3 отсто оваа година.
Највисокиот функционер за санкции на американското Министерство за финансии, Брајан Нелсон, отпатува во Турција и Обединетите Арапски Емирати на 30 јануари за да ги предупреди земјите и компаниите дека би можеле да го изгубат пристапот до пазарите на Г7 доколку имаат бизнис со ентитети подложени на американски санкции.