Шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, призна дека руските сили се соочуваат со силен отпор од украинските сили во Бахмут.
Војската на Киев на 11 февруари соопшти дека руските воени загуби во Украина во изминатиот ден биле над 1.000.
Објавените забелешки на Пригожин на 10 февруари дојдоа кога украинските власти соопштија дека долгоочекуваната руска офанзива е во тек на истокот.
Видете и ова: Вагнер-Жестоки битки се водат во БахмутКиев очекува нова руска воена офанзива, бидејќи е убеден дека по неколкумесечни неуспеси, рускиот претседател Владимир Путин сака да го истакне успехот на бојното поле пред годишнината од неговата инвазија на 24 февруари.
Путин треба да го одржи своето одложено годишно обраќање пред парламентот на 21 февруари.
Пригожин во интервјуто со руски воен дописник, рече дека руските сили треба да го заземат Бахмут, местото каде со недели се водат интензивни борби