Македонските тимови на Дирекцијата за заштита и спасување успеале да извлечат 38-годишна жена под урнатините во Турција, соопшти попладнево ДЗС на својот Фејсбук профил. Од ДЗР објавија и видео од дел од спасувачката акција.
Тимовите во состав од 39 обучени и опремени спасувачи пред три дена тргнаа кон Турција каде помагаат во спасување на преживеани од под урнатините по разорните земјотреси што ја погодија земјата.
Граѓаните донираат топла облека, спасувачките тимови тргнаа за Турција
Вчера и македонскиот армиски тим кој е дел од спасувачките активности во региотните на Турција зафатени од земјотресот беа дел од успешната операција за извлекување на пет годишно дете од урнатините во градот Кахранманмараш.
Македонската влада на вонредна седница донесе одлука за испраќање на 40 обучени спасувачи со возила и опрема и 24 припадници на АРМ со две трагачки кучиња. Меѓу спасувачите има пожарникари од Струмица и од Тетово, кои со возила и опрема за спасување од урнатини, тргнаа за Турција. По големиот земјотрес што ја погоди земјата и соседна Сирија, загинаа најмалку 21.000 луѓе