Фондот за здравствено осигурување соопшти дека лекувањата, упатите за прегледите и боледувањата, издавањето на рецепти од страна на матичните лекари, како и издавањето на лекови на граѓаните, се одвива непречено и граѓаните без застој можат да ги користат овие здравствени услуги, и покрај техничките проблеми и сајбер нападот со кој се соочува институцијата.
„Подрачните служби на Фондот во континуитет ги примаат барањата. Покрај ова, подрачните служби се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои истите можат да се обратат и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари, а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита“, се вели во соопштението на ФЗО.
Системот на Фондот за здравствено осигурување е мета на сајбер напад, кој ја предизвикува нефункционалноста на дел од ИТ системите.
ФЗО: Се справуваме со сајбер напад, ама пациентите може да се лекуваат непречено
Оттаму додаваат дека техничките тимови работат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како би се запазиле законските рокови за исплата, како и за другите форми на исплата, односно боледувањата, породилното и рефундациите.