Спасувањето на неколку преживеани од урнатините на зградите во Турција го подигна духот на уморните екипи за спасување, четири дена по големиот земјотрес што ја погоди земјата и соседна Сирија, при што загинаа најмалку 21.000 луѓе. Студот, гладот и очајот зафатија стотици илјади луѓе кои останаа без покрив над главата од потресите, најсмртоносните во регионот со децении. Неколку луѓе беа спасени од урнатините на зградите во текот на ноќта, меѓу кои и 10-годишно момче спасено со мајка си по 90 часа во областа Самандаг во провинцијата Хатај.
Видете и ова: Македонски војници помогнаа во спасување 5-годишно дете од рушевините во ТурцијаИсто така во Хатај, седумгодишното девојче по име Асја беше спасено по 95 часа и однесено во болница, објави државната новинска агенција Анадолу. Но, надежите слабеат дека ќе се најдат повеќе живи луѓе во урнатините на илјадниците урнати згради во градовите низ регионот. Бројот на загинати од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала и неколку силни последователни потреси низ двете земји го надмина оној од 17.000 загинати во 1999 година кога сличен силен земјотрес ја погоди северозападна Турција. Ова е седма најсмртоносна природна катастрофа овој век, по потресот и цунамито во Јапонија во 2011 година и земјотресот во соседен Иран во 2003 година кога загинаа 31.000 луѓе.