Светската банка најави 1,78 милијарди долари помош за погодените од земјотресот

Земјотресот предизвика катастрофални последици во Турција и Сирија

Светската банка објави дека ќе обезбеди помош од 1,78 милијарди долари за Турција, по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните делови на Турција и Сирија и загинаа повеќе од 20.000 луѓе. Станува збор за итна помош, а подоцна и за реконструкција.

Видете и ова: Донаторска конференција на ЕУ за Турција и Сирија во март

„Ние обезбедуваме итна помош и подготвуваме брза проценка на огромните и итни потреби на теренот. Ова ќе помогне да се идентификуваат приоритетните области за обновување и реконструкција додека ги подготвуваме операциите за исполнување на тие потреби“, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас. Турција во понеделникот беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени. Подоцна следеа земјотреси со помала јачина.