Денешните пријавите за наводно поставени експлозивни направи во основни и средни училишта во Скопје се лажни, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму велат дека веднаш по добиените пријави полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки.
Видете и ова: Дојавите за бомби ја кратат наставата - МОН ги остави училиштата сами да се снаоѓаат„Денеска во 15:55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информира МВР.
Инаку дојави за бомби во Скопје имаше и претходните денови, на електронските адреси на училишта, но и неколку трговски центри, МРТВ и Транспортниот центар.
Вакви дојави првично почнаа да стигнуваат уште лани во октомври, прво во училишта, а потоа и во трговски центри, станбени згради но и стратешки објекти како МНР, Железница, Аеродромот. Проверките на полицијата покажаа дека се работело за лажни дојави.