Во услови на висока инфлација во Европа, со преземените мерки е намалена финалната цена на основните прехранбени производи, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој уверува дека цените на лебот, млекото и месните производи се намалени од 7 до 12 проценти, при што нагласи дека барањето на Стопанската комора беше државата да овозможи поевтина струја за да поевтинат основите прехранбени производи.
Во однос на ново замрзнување на цените на дел од производите, Ковачевски рече дека ваква мерка имаше на почетокот на кризата, по што уследи ограничувањето на маржите за пет и 10 проценти, на одредени производи.
„Така дојдовме до намалување на финалната цена на основни прехранбени производи во време на висока инфлација во цела Европа“, истакна Ковачевски, при посета на компанија корисник на државна поддршка заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.
Видете и ова: Сиромаштијата ќе расте и ќе ја топи средната класа
Бектеши пак ги повика компаниите да го одржат ветувањето за намалување на цените на производите. Ако има случаи на кризни профитери, најави дека ќе побара поддршка од пратениците да се донесе закон за солидарност, а средствата што ќе се соберат ќе се дадат на граѓаните за директна поддршка преку нови антикризни мерки. Потсети и дека одлуката на Владата е мерката за субвенционирана струја да продолжи до крајот на април, до кога земјава е во состојба на енергетска криза.
Во однос на цените на пазарот, и Ковачевски и Бејтеши посочија дека постапува Пазарната инспекција која ги контролира маржите.
Директорот на ДПИ претходно на брифинг рече дека инспекторатот врши постојани инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало при што се санкционира секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5 и 10 отсто.
Видете и ова: Џебот се испразни, нè чека тешка годинаСпоред оваа Одлука за ограничување на маржата кај основните прехранбени производи, во јануари биле извршени над 300 инспекциски надзори и не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата.
Според пријавите кои пристигнуваат, рече Трајковски, кај граѓаните најголема е загриженоста токму за зголемувањето на цените.