Министерот за здравство Беким Сали во објава преку социјалните мрежи информира дека биле обезбедени 140 милиони денари за лекот „Трикафта“ наменет за лекување на пациенти со цистична фиброза. „За 8 пациенти со цистична фиброза денеска се обезбедија буџетски средства за набавка на лекот „Трикафта“. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 денари се зголемува на 703.504.040 денари, односно за дополнителни 140.000.000 денари, напиша Сали во објавата. Асоцијацијата за цистична фиброза вчера информира дека починал еден од пациентите заболен од оваа болест во државава.
Видете и ова: Чекајќи го лекот, почина еден од пациентите со цистична фиброза„Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, асоцијацијата за цистична фиброза попладнево пред влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски. Заради ова, како што посочија, нивниот „револт, огорченост и потресеност се исклучително големи“, особено затоа што лекот го бараат од 2020 година и апелираат постојано за итноста од воведување современа модулаторна терапија.