Борел: ЕУ ќе и достави поголема воена поддршка на Украина

Жозеп Борел

Европската унија ќе ѝ даде поголема воена поддршка на Украина, изјави денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, пред состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да лобира кај европските лидери на самитот во Брисел за повеќе оружје во борбата против Русија и брз почеток на преговорите за членство во ЕУ за неговата земја.

Видете и ова: Зеленски бара борбени авиони во ненадејните посети на Лондон и Париз

Киев со месеци го повикува Западот да ја зголеми својата воена поддршка, вклучително и можноста за обезбедување борбени авиони. Соединетите држави, Британија, Германија и другите западни сојузници неодамна попуштија и одобрија испраќање на стотици борбени тенкови, оклопни возила и друго тешко вооружување во Украина поради очекувањата дека Русија се подготвува за нова голема офанзива, веројатно веќе овој месец.