Руската платеничка група „Вагнер“ престана да регрутира затвореници да се борат во Украина, изјави денеска основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин. „Регрутирањето на затвореници од страна на приватната воена компанија „Вагнер“ е целосно запрено“, рече Пригожин како одговор на барањето за коментар од руски медиум објавен на социјалните мрежи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вагнер почна да регрутира затвореници во распространетиот руски казнен систем во летото 2022 година, со Пригожин, угостителски претприемач кој одлежа девет години затвор за време на Советскиот Сојуз, нудејќи им на осудениците помилување доколку преживеат шест месеци во Украина.
Видете и ова: САД ја означија Вагнер за „значајна транснационална криминална организација“Вагнер не даде информации за тоа колку осуденици се приклучиле на нејзините редови, но бројките на руската казнена служба објавени во ноември покажаа дека популацијата на затворите во земјата се намалила за над 20.000 меѓу август и ноември, што е најголем пад во повеќе од една деценија. Во декември, Ројтерс објави дека американската разузнавачка заедница верува дека Вагнер групата имала 40.000 осудени борци распоредени во Украина. Групата Вагнер во последниве месеци играше сè позначајна улога во руската војна во Украина, при што платеничките сили беа на чело на повеќемесечниот напад врз градот Бахмут во регионот Доњецк.