Европската унија ќе организира донаторска конференција за Турција и Сирија во март во Брисел. Конференцијата има за цел да мобилизира средства од меѓународната заедница за поддршка на народот на Турција и Сирија по разорниот земјотрес оваа недела.
„Конференцијата на високо ниво, која ќе биде отворена за земјите-членки на ЕУ, соседните земји, членки на ОН, меѓународни финансиски институции и други релевантни чинители, треба да го координира одговорот на донаторите и да собере средства за поддршка на рано закрепнување и помош во погодените области на Турција и Сирија“, се вели во соопштението на ЕУ.
Видете и ова: Сирија побара помош од ЕУ, по разорниот земјотресПретседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шведскиот премиер Улф Кристерсон, чија земја претседава со ЕУ, се договорија за организирање на ваква донаторска конференција. Фон дер Лајен нагласи дека е активиран Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој досега испрати медицински и тимови за пребарување и спасување од 23 земји.
Видете и ова: Ердоган: Турција имаше проблеми со првичната реакција на земјотресот„Сите сме потресени од разорните последици од земјотресите што ги погодија Турција и Сирија оваа недела. Сега приоритет е да се работи деноноќно за да се спасат што повеќе животи, бидејќи многу луѓе се уште се заробени под урнатините, во зградите. Таа испрати порака дека ЕУ ќе ги поддржи народот на Турција и Сирија. „Затоа што никој не треба да биде оставен сам кога таква трагедија ќе погоди една нација“, рече фон дер Лајен.