Дојави за бомби во училишта и неколку трговски центри во Скопје

илустрација

Дојави за поставени бомби попладнево се пристигнати на електронските адреси на 12 средни училишта, неколку трговски центри, МРТВ и Транспортниот центар.

„Денеска околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа“, информира Министерството за внатрешни работи.

Веднаш по добиените пријави, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.

Видете и ова: Нови дојави за бомби во 33 училишта во Скопје

Најави за бомби имаше и вчера во 33 основни училишта во Скопје. Проверките на полицијата покажаа дека се работело за лажни дојави.

Последните дојави за бомби во Скопје беа на 3 февруари. Претходно, дојави за поставени бомби беа кон крајот на минатата година кога беа евакуирани 20 училишта од кои 12 во Скопје и 8 во Куманово по новите закани за поставени бомби.