Безбедносниот ризик на Балтикот се зголемува, соопшти естонската разузнавачка служба

Вилнус, Естонија

Естонската разузнавачка служба денеска соопшти дека верува оти Русија сè уште има сила да изврши „веродостоен воен притисок“ врз балтичкиот регион и дека безбедносниот ризик во регионот е зголемен на среден и долг рок. „Воен напад против Естонија е малку веројатен во 2023 година, бидејќи руските воени капацитети се ангажирани во Украина“, се вели во годишниот извештај на естонската служба, во кој се додава: „Меѓутоа, на среден до долг рок, руските воинствени и надворешнополитички амбиции значително ги зголемија безбедносните ризици за Естонија“.

Видете и ова: Москва: европските сили треба да им се спротивстават на „агресивните“ Полска и Балтикот

Членките на НАТО, Естонија, Летонија и Литванија нагло ги зголемија трошоците за одбрана како одговор на руското заземање на Крим во 2014 година и инвазијата врз Украина во минатата година.