САД објавија дека одобриле продажба на 18 ракетни системи Химарс на Полска, земја членка на НАТО што се граничи со Украина, за 10 милијарди долари. „Планираната продажба ќе ги подобри воените цели на Полска во однос на обновувањето на капацитетите, истовремено зајакнувајќи ја интероперабилноста со САД и другите сојузници“, соопшти американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка.
Видете и ова: Варшава побара од Берлин дозвола да ги достави своите тенкови Леопард во УкраинаПолска и другите сојузници на НАТО на источното крило се сè позагрижени од можна нова руска офанзива во Украина долж нивната граница како што се приближува првата годишнина од почетокот на руската инвазија. Стејт департментот соопшти дека продажбата ќе ги поддржи целите на надворешната политика и националната безбедност на САД преку зајакнување на одбранбените капацитети на сојузникот во НАТО.