Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков денеска на прес-конференција соопшти дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство. Пендиков по инцидентот во Охрид при кој се здоби со повреди со бугарски владин авион беше пренесен во Бугарија.
Милков најави и дека Пендиков ќе добие и времено живеалиште, додека престојува во Бугарија. Тој, според Милков, „се плаши за својот живот“ и затоа се размислува и опцијата да му се даде и лично обезбедување.
„Обидите за надградување и за смирување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија всушност беа минирани од конкретни дејствија на властите во Скопје. Тоа се разбира, одбележува една нова уште пониска точка во нашите односи“, изјавил Милков за БТА.
Видете и ова: Власта и опозицијата го осудија каменувањето на македонскиот клуб во БлагоевградОдносите меѓу Македонија и Бугарија се напнати во изминатите повеќе од две години, откако Софија започна со блокада на македонските евроинтеграции во 2019 година.
Блокадата делумно се надмина летоска и преговорите на земјава со ЕУ почнаа, но Бугарија го условува отворањето на поглавјата со внесување на Бугарите во македонскиот Устав, за што во моментов го нема потребното двотретинско мнозинство.
Нова есклација имаше изминативе недели, кога група Бугари во Скопје, ја славеа Мара Бунева и скандираа дека Македонија е бугарска, а на 19 јануари беше претепан Пендиков. Бугарските власти во инцидентот видоа злосторство од омраза и напад врз Бугарите во Македонија.
Видете и ова: Бугарија испраќа генератори на три гранични премини со МакедонијаСо силно полициско обезбедување помина и одбележувањето на 151 годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, на 4 февруари. Бугарската делегација положи цвеќе на гробот, а организирана група на бугарски државјани кои му се оддадат почит со часови чекаа на граница за да влезат на македонска територија, при што некои се вратија назад. Тројца од Бугарите беа приведени на границата за нарушување на јавниот ред и мир.