Армијата на Северна Кореја објави дека ќе ги прошири и интензивира воените вежби како дел од „воените подготовки“, објавија денеска локалните медиуми. Одлуката била донесена на состанокот во понеделникот со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. На дневен ред на состанокот беше „континуираното проширување и зајакнување на операциите и борбените вежби на Корејската народна армија со цел строго да се усоврши подготовката за војна“, пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА. Сателитски снимки покажаа дека во Пјонгјанг се во тек „големи подготовки за воена парада“, пред претстојните национални празници.
Видете и ова: САД и Јапонија ја зацврстуваат соработката во одбранатаСеверна Кореја ја слави годишнината од основањето на вооружените сили на 8 февруари, а роденденот на Ким Јонг Ил, таткото и претходникот на сегашниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун е на 16 февруари. Сеул и Вашингтон во минатата недела спроведоа воздушни вежби со стратешки бомбардери и борбени авиони, што го налути Пјонгјанг. Севернокорејските власти тогаш рекоа дека таквите маневри би можеле „да предизвикаат сеопфатен конфликт“ и додадоа дека вежбите „ја преминале црвената линија“. Северна Кореја ги смета вежбите како проба за инвазија врз нејзината територија.