Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека светот постепено се соочува со предизвици со кои денешните генерации сè уште не се соочиле и изрази страв од ширење на војната во Украина. На Генералното собрание на ОН, Гутереш рече дека експертите кои ја процениле состојбата на светот во 2023 година го поставиле часовникот на Судниот ден на 90 секунди до полноќ, што е најблиску до „тотална глобална катастрофа“ досега.
Видете и ова: Кремљ за приближувањето на „Часот на судниот ден“ ги обвини САД и НАТОТој укажа на војната во Украина, „немилосрдната климатска катастрофа“, растечката нуклеарна закана, зголемениот јаз меѓу богатите и сиромашните и „епските геополитички поделби“ кои ја поткопуваат „глобалната солидарност и доверба“. Во долгото обраќање, Гутереш ги повика 193-те членки на ОН да го променат својот став за донесување одлуки од краткорочно размислување, кое тој го нарече „неодговорно“ и „неморално“, на набљудување што ќе се случи утре и веднаш да дејствуваат. Тој рече дека годинава се навршуваат 75 години од Универзалната декларација за човекови права и дека таа треба да биде потсетување дека темелите на неотуѓивите права на сите луѓе се „слободата, правдата и мирот“.
Видете и ова: Украинската војска очекува нова голема офанзива од РусијаГутереш рече дека промената што е потребна денеска мора да започне со мир, почнувајќи од Украина, каде, како што рече, перспективите за мир постојано се намалуваат, а се зголемуваат шансите за натамошна ескалација и крвопролевање. „Се плашам дека светот не месечари кон поширока војна, туку дека тоа го прави со широко отворени очи“, рече Гутереш. Според него, светот мора да работи повеќе на мирот, не само во Украина, туку и во повеќедеценискиот израелско-палестински конфликт, во Авганистан и регионот Сахел во Африка, а потребни се и зголемени мировни напори во Мјанмар и Хаити.