Рускиот патријарх Кирил, силен поддржувач на претседателот Владимир Путин, работел за советското разузнавање додека живеел во Швајцарија во 1970-тите, објавија швајцарските весници, повикувајќи се на декласифицирани архиви. Според неделниците Sonntagszeitung и Le Matin Dimanche, досието на швајцарската полиција за човекот кој денес служи како духовен поглавар на Руската православна црква „потврдува дека „монсињор Кирил“, како што се нарекува во овој документ, работел за КГБ.
Видете и ова: Рускиот митрополит Антониј во посета на Македонската православна цркваВо раните 70-ти патријархот Кирил, кој жестоко ја поддржува руската инвазија на Украина, живеел во Женева, каде што официјално ја претставувал Московската патријаршија пред Светскиот (екуменски) собор на црквите. Кирил тогаш под оперативниот псевдоним Михаилов исто така имал задача да влијае на овој совет, во кој КГБ поставиле агенти во 70-тите и 80-тите години на 20 век. Советскиот Сојуз постави за цел да ја убеди институцијата во Женева да ги осуди САД и нивните сојузници и поумерено да го критикува недостатокот на верска слобода во СССР, наведуваат весниците и истакнуваат дека Руската православна црква „одбива каков било коментар за шпионски активности на Кирил во Женева“.