Во Франција, следи клучна недела за силно оспоруваната пензиска реформа, со дводневни протести на граѓаните против реформата и почеток на расправата во парламентот. Премиерката Елизабет Борн вчера направи гест кон десничарската партија „Републиканци“, бидејќи гласовите на таа партија се неопходни за гласањето на новиот закон за пензиите во парламентот. „За долги кариери и за оние кои почнале да работат на 20 или 21 година, пензијата ќе биде на 63 години“, изјави таа за локалните медиуми, но не ја доведе во прашање предложената старосна граница од 64 години, наместо сегашните 62.
Видете и ова: Пензионирање подоцна - Непопуларно за работниците, неопходно за фондотСе чини дека поддршката на републиканците е веќе договорена, бидејќи многу нејзини претставници изјавија дека се задоволни од реформата, но на локално ниво се уште се слушаат гласови на незадоволство на таа десничарска партија, кои бараат пензионирање порано. Таборот на претседателот Емануел Макрон има само релативно мнозинство во парламентот и затоа е потребна поддршка од другите партии. Синдикатите од своја страна остануваат против реформите и старосната граница за пензионирање. На нивна покана веќе беа одржани два протеста на 19 и 31 јануари, со по повеќе од милион луѓе. Најавен нов протест, а тсе очекуваат прекини во градскиот и приградскиот железнички превоз. Најавен и штрајк на контролорите на летот на аеродромот Орли во Париз. Некои летови ќе бидат одложени или откажани.