Македонскиот премиер Димитар Ковачевски го осуди каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Според него тоа е чин на вандализам кој најостро го осудува.
„Ваквите активности не соодветсвуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот, се вели во неговата реакција објавена на социјалната мрежа Фејсбук.
Тој додава дека Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу двете земји.
Видете и ова: Пендаровски - Најостро го осудува каменувањето на македонскиот клуб во БугаријаСо слична реакција излезе и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во нивната реакција е наведено дека најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.
„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос. Сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците.
Видете и ова: Каменуван македонски клуб во Благоевград, ОМО Илинден бараат истрагаСиноќешниот напад врз македонскиот клуб во Благоевград се случува на денот кога се одбележува 151 годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Чествувањето на овој настан во Скопје помина со вербални тензии, под силно полициско обезбедување и застој на граничните премини низ кои требаше да дојдат најавените Бугари во Скопје.