Шефот на руската платеничка паравоена група Вагнер на 5 февруари изјави дека во тек се жестоки борби во северните делови на украинскиот град Бахмут, кој со недели е во фокусот на вниманието на руските сили.
Основачот и шефот на групата Вагнер,Евгениј Пригожин, вели дека неговите војници „се борат за секоја улица, секоја куќа, секое скалило“ против украинските сили кои не се повлекуваат.
Видете и ова: САД ја означија Вагнер за „значајна транснационална криминална организација“Руските сили со недели се обидуваат да го опколат и заземат Бахмут, град во источниот регион Донбас, и се чини дека постигнуваат бавен, тежок и скап напредок.
Илјадници војници на Вагнер се борат во Украина, а основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, е сè погласен во неговите напори да ги преземе заслугите за придобивките на бојното поле. Тој, исто така, е снимен како регрутира борци од руските затвори, ветувајќи помилување во замена за акција на бојното поле.
Украинските и западните власти ги обвинија војниците на Вагнер за злосторствата врз цивилите во руската инвазија, која е во 12-тиот месец.