Извештајот на Светската здравствена организација за хуманитарната криза во Украина ги скара Русија и САД кои седат на иста маса во одборот на организацијата. Москва го нарече политички мотивиран извештајот во кој се класифицира состојбата како една од акутните глобални здравствени случаи. Вашингтон, пак, смета дека извештајот е нецелосен и дека треба да биде брзо ажуриран.
Извештајот на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, беше претставен пред извршниот одбор на организацијата, на кој седат и Русија и Соединетите држави.
Во него се опфатени настаните во првите девет месеци од 2022 година. Во извептајот него ситуацијата во Украина, која Русија ја нападна на 24 февруари, е опишана како една од осумте акутни глобални здравствени итни случаи.
Во извештајот се документирани повеќе од 14.000 цивилни жртви, со 17,7 милиони луѓе кои имаат потреба од хуманитарна помош и 7,5 милиони украински бегалци раселени низ Европа.
Според извештајот од вкупно 470 напади со тешко оружје врз здравствените установи на глобално ниво, 448 се случиле во Украина.
Видете и ова: Во тек се тешки борби на исток на УкраинаРускиот претставник во одборот на СЗО ја нарече политизирана и еднострана и ги опиша нејзините референци за Украина како неосновани обвинувања.
Москва негираше дека во како што ја нарекува инвазијата – специјална воена операција дека цели биле цивили во Украина. Неиспровоцираната инвазија врз Украина ги опустоши градовите во Украина, уби илјадници борци и ја потресе глобалната економија.
Американскиот претставник во Обединетите нации повика на ажуриран извештај за документирање на инцидентите во Украина од септември.
„Руските напади предизвикаа неискажлива штета на цивилите и критичната инфраструктура во Украина“, е наведено во соопштението од кабинетот на американскиот претставник.