САД размислуваат за нови санкции за кинеските компании за надзор поради продажбата на иранските безбедносни сили. Ова го објави американскиот Волстрит журнал на 4 февруари, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.
Американските власти се во напредни дискусии за санкциите и се однесуваат на компанијата Tiandy Technologies Co, која е производител на електрична опрема со седиште надвор од кинескиот град Тијанџин. Нејзините производи се продаваат на единици на иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда, се додава во извештајот.
Во меѓувреме односите меѓу САД и Кина се затегнаа откако Пентагон откри дека кинески воздушен балон за набљудување лета над сензитивни локации на американски балистички ракети.
Видете и ова: Кинеските балони вредна и тешко соборлива алатка за набљудувањеАмериканското Министерство за одбрана соопшти дека ги следи движењата на кинескиот балон за надгледување кои го нарушуваат воздушниот простор на САД.
Кина претходно изјави дека балонот што лета над Соединетите држави е всушност метеоролошки цепелин. Тие исто така изразија жалење што балонот залутал во американскиот воздушен простор.
По објавувањето на оваа информација американскиот државен секретар Антони Блинкен го одложи своето дипломатско патување во Кина, кое се сметаше за можност да помогне во стабилизирањето на односите меѓу Пекинг и Вашингтон. Блинкен во разговор со своите колеги дипломати од Кина посочил дека „ќе биде подготвен да го посети Пекинг штом ќе дозволат условите“, се вели во соопштението на Стејт Департментот.