Бугарскиот технички министер за внатрешни работи Иван Демерџиев по положувањето цвеќе во Скопје на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев изјави дека биле „драконски“ мерките на македонската полиција. Демерџиев не ги дочека бугарските граѓани кои се најавени дека ќе дојдат на скопското Кале.
Системот за контрола на граничниот премин Деве Баир 4 часа беше во прекин, поради „ технички пад на системот“, со што се оневозможи брзо пристигнување на буграските државјани во Скопје.
Демерџиев за тоа најави дека веднаш ќе донираат три генератори на струја на македонската гранични пунктови за да немаат како денешните проблеми со „пад на системот“ кој предизвика стотици автомобили да чекаат со часови. Тој изјави дека таквото однесување е неприфатливо, особено што не „соодветствува со насоките во кои се движат нашите два народа“, каде што нема причина за негативно однесување.
Видете и ова: Тројца бугарски државјани приведени на Деве БаирОткако беше решен проблемот, граничарите рачно ги средуваа документите и бавно пропуштаа возила на македонска територија. Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин „Деве Баир“ каде што бугарски државјани, поради неможноста да ја преминат границата, упатуваа навреди и недолично се однесуваа кон македонската гранична полиција.
Демерџиев изјави дека ги замолил европатеникот Андреј Џамбаски и Костадин Костадинов да останат во Бугарија и да не предизвикуваат провокации. Денешниот настан за чествување на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев беше окарактеризиран како настан од висок безбедносен ризик.
Видете и ова: Лидерот на бугарската фондација „Македонија“ не ја преминал границатаОдбележувањето на годишнината до раѓањето на револуционерот доаѓа во време кога односите меѓу Бугарија и Македонија дополнително се затегнаа со низа настани, како претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски дека „Македонија е бугарска“, па кусото повлекување на бугарскиот амбасадор од Скопје и последното, тоа што бугарскиот Парламент, пред да се распушти во пресрет на изборите, изгласа декларација за осуда за насилството врз македонските Бугари.