Првиот кинески воздушен балон за набљудување што го откри Пентагон лета над сензитивни локации на американски балистички ракети би можел да биде воден од напредна технологија за вештачка интелигенција, изјави американски експерт за новинската агенција Франс прес.
Вториот кинески балон за набљудување подоцна беше забележан над Латинска Америка пред да се упати кон исток над централниот дел на Соединетите држави, соопшти Пентагон.
Кина претходно изјави дека балонот што лета над Соединетите држави е всушност метеоролошки цепелин. Тие исто така изразија жалење што балонот залутал во американскиот воздушен простор.
Американското Министерство за одбрана соопшти дека ги следи движењата на кинескиот балон за надгледување кои го нарушуваат воздушниот простор на САД.
Видете и ова: Блинкен ја одложи посетата на Кина поради спорниот кинески балонПо објавувањето на оваа информација американскиот државен секретар Антони Блинкен го одложи своето дипломатско патување во Кина, кое се сметаше за можност да помогне во стабилизирањето на односите меѓу Пекинг и Вашингтон. Блинкен во разговор со своите колеги дипломати од Кина посочил дека „ќе биде подготвен да го посети Пекинг штом ќе дозволат условите“, се вели во соопштението на Стејт Департментот.
Во соопштението се вели дека Блинкен разговарал со Ванг Ји, директор на Централната канцеларија за надворешни работи, за да го извести дека тој нема да патува во Кина во овој момент „со оглед на сегашното присуство на (кинески) балон за надзор на голема височина во воздушниот простор на САД“.
Во соопштението на Кина се изразува жалење што „цивилниот“ воздушен брод за истражување на временските услови залутал на територијата на САД.
„Кинеската страна жали за ненамерното влегување на воздушниот балон во воздушниот простор на САД поради виша сила“, се вели во кинеското соопштение, цитирајќи правен термин што се користи за да се однесува на настани надвор од нечија контрола.
Експертот за набљудувачки балони во истражниот центар во Вашингтон, Вилијам Ким, за новинската агенција Франс прес изјави дека ваквите балоните се вредна алатка за набљудување што е тешко да се собори. Ким рече дека првиот кинески балон изгледа како нормален метеоролошки балон, но со различни карактеристики.
„Има прилично голема, видлива „оптоварување“ - електроника за наведување и собирање информации, напојувана од големи соларни панели“ изјави тој.
Ким додаде дека како што сателитите стануваат поранливи на напади, балоните имаат јасни предности. Прво, тие не се лесно видливи на радарите.
„Тоа се материјали кои не рефлектираат радарски сигнали, не се метални. Така, иако овие балони се шират до доста големи димензии, откривањето на самиот балон е проблем“, рече тој.
„Вештачката интелигенција му овозможи на балонот, само со читање на промените во воздухот околу него, да ја прилагоди својата висина за да го води каде сака да оди. Порано или мораше да имаш тегови, или само го испраќаш и оди каде и да го однесе ветрот“, рече Ким.