Околу 100-150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за да ја одбележат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев за бугарските медиуми во Скопје. Тој очекува да се исполнат ветувањата на македонските власти дека бугарските граѓани кои сакаат да дојдат во Скопје ќе бидат примени непречено.
Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас се и министерот за здравство Асен Меџидиев и заменик министерот за внатрешни работи Венцислав Катинов.
„Има податоци за запрени бугарски државјани. На крајот на денот ќе имам информации и колку се оправдани причините за тоа“, рече министерот Демерџиев во одговор на прашање на БТА.
Видете и ова: Напнато, но мирно одбележување на 151 година од раѓањето на Гоце ДелчевСпоред него, има и список со имиња на бугарски државјани кои нема да бидат примени, но, како што рече министерот, тој список не е голем. Демерџиев, како што најави, планира да ги почека оние Бугари кои ќе дојдат да положат цвеќе на гробот на Делчев, за да може заедно со нив да ја одбележи годишнината од неговото раѓање.
Бугарската фондација Македонија го организира доаѓањето на државјани на источниот сосед со цел да оддадат почит на Делчев. Под засилени безбедносни мерки денеска во Скопје се одбележува 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Видете и ова: Полицијата дозволи влез на мали групи граѓани во црквата Св. СпасМакедонскиот државен врв веќе положи цвеќе на гробот на Делчев, кој се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. Изјави за медиумите немаше од македонската делегација, а не се предвидени ни изјави од бугарската делегација.