Граѓани, делегации и полиција на чествувањето на Делчев

Граѓани собрани под скопско Кале, во близина на црквата Св. Спас каде се организираше чествувањето на годишнината од раѓањето на Делчев

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претставници на политичките партии, здруженија и организации претпладне положија цвеќе на гробот на Делчев

Претседателот Стево Пендаровски на гробот на Гоце Делчев

Премиерот Димитар Ковачевски и владина Делегација на гробот на Гоце Делчев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација на гробот на Гоце Делчев

На полициските пунктови под скопското Кале, на улицата која води кон црквата Св. Спас ги претресуваа граѓаните кои сакаа да одат на гробот на Делчев

Полицијата на посебни пунктови вршеше проверка на граѓаните кои сакаа да одат на гробот на Делчев

На граничниот премин кај Делчево не беа регистрирани поголем број преминувања од Бугарија кон Македонија

Граничниот премин Деве Баир кај Крива Паланка, на македонско-бугарската граница на 4-ти февруари претпладне

Стотина граѓани со транспаренти и со знамиња со сонцето од Кутлеш се собираа на платото под скопското Кале од каде се оди кон црквата Св. Спас

Стотина граѓани со транспаренти и со знамиња со сонцето од Кутлеш се собираа на платото под скопското Кале од каде се оди кон црквата Св. Спас

Неколку стотини членови и симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во организирана поворка отидоа кон црквата Св. Спас, на чествување на Гоце Делчев

Поглаварот на МПЦ-ОА одржа панихида за македонскиот револуционер Гоце Делчев

Под силно полициско обезбедување и со претрес, државни, партиски и граѓански организации дојдоа на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев по повод годишнината од неговото раѓање. Голем број граѓани останаа под скопското Кале, недалеку од црквата Св. Спас, каде е гробот на Делчев