Лидерот на бугарската фондацијата Македонија, Виктор Стојанов, како што неофицијално дознава екипата на РСЕ која се наоѓа на граничниот премин Деве Баир, самоиницијативно ја напуштил колоната на возила која се наоѓала на граничниот премин Деве Баир меѓу Северна Македонија и Бугарија и се вратил назад, бидејќи не можел да чека системот за контрола да се врати во функција. Од Министерството за внатрешни работи пак потврдија за РСЕ дека на граничните премини паднал системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.
„МВР информира дека системот на сите гранични премини не е во функција, но екипи работат на негово оспособување . Селективно се пропуштаат само итни случаи“, велат од МВР.
Видете и ова: Напнато, но мирно одбележување на 151 година од раѓањето на Гоце ДелчевБугарската фондација Македонија го организира доаѓањето на државјани на источниот сосед со цел да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев во црквата свети Спас во Скопје на одбележување на 151 годишнината од раѓањето на револуционерот.
Тие се со организиран превоз со автомобили од Бугарија, а на граница ги пречекува полиција и со полициска придружба ќе дојдат до гробот на Делчев и назад. Гоце Делчев и Македонците и Бугарите го сметаат за свој национален херој.